Македонија
31. December 2018 - 17:38

Подготовки за новогодишна прослава во Струмица

Организиран дочек на новата година во Струмица нема да има, но и покрај тоа понудата е голема. Скоро сите угостителски објекти се потрудија да направат специјални новогодишни програми со различни содржини кои треба да ги задоволат вкусовите на сите генерации.  Голем дел од граѓаните ќе ја испратат старата и дочекаат новата година токму  на овој начин,  но не е мал бројот и на оние кои овај пат се одлучиле за по интимна атмосфера во кругот на семејството и најблиските пријатели. Кога се  во прашање желбите и очекувањата од годината што доаѓа,  струмичани се скоро единствени. Прво посакуваат здравје ,а потоа подобра економска состојба во државата и повеќе вработувања.

Покрај домашните,  годинава во Струмица новата година ќе ја дочекаат и голем број гости од странство меѓу кои најбројни се туристите од соседна Бугарија.