Поднесена интерпелација за Џафери
Хаос во Собранието и недоличен однос на првиот меѓу еднаквите, Талат Џафери кон пратениците - со ова образложение, ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поднесе во Законодавниот дом интерпелацијата за собранискиот спикер и побара поддршка и од власта и од опозицијата да биде изгласана.
Интерпелацијата од движењето Беса веќе доби зелено светло за да биде изгласана, од Алијанса за Албанците пак не прецизираат дали ќе дадат глас за, но се децидни - Талат Џафери не треба да раководи со Законодавниот дом.
Интерпелацијата нема да биде поддржана од владејачката СДСМ. Заклучувањето на вратите на собраниската сала велат не е спротивно од Деловникот, а навредите од страна на претседателот Џафери кои се слушаат на аудио снимката велат дека не се кон пратениците, туку кон работата, а и тогаш денот бил тензичен.
Ова не е прва интерпелација која е поднесена за првиот човек на Собранието, а за да биде изгласана потребен е глас од 61 пратеник.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
