Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција

Проширените вени се честа појава којашто погодува голем број луѓе ширум светот. Покрај тоа што предизвикува непријатност и естетски нарушувања, сè почесто се истражува и можната поврзаност на оваа болест и со посериозни здравствени состојби.
Така, според ново истражување спроведено во Јужна Кореја, кај милиони луѓе кои имаат проширени вени, можеби има значително поголем опасност од развој на деменција. Истражувачите анализирале податоци од речиси 400.000 возрасни луѓе со просечна возраст од 56 години – од нив околу 5.000 имале проширени вени. Наодите говорат дека овие испитаници имаат 23,5 отсто поголема веројатност да добијат дијагноза на деменција, пишува „Дејли мејл“.
Поврзаноста останала присутна и откако во испитувањето биле земени предвид и возраста, полот, телесната тежина, пушењето и внесувањето алкохол. Групите на мажи, пушачи и луѓе кои редовно пијат алкохол имале особено висок ризик.
Проширените вени не се ретка појава. И иако најчесто се јавуваат на нозете, може да се појават и на други делови од телото. Фактори на ризик се долгото стоење, и седење, како и пушењето и прекумерната тежина.
„Иако не е сосема јасно зошто проширените вени се поврзани со деменција, стручњаците се сомневаат дека причината може да биде послаб крвоток, познат ризик-фактор за оштетување на мозокот“, се наведува.
Се претпоставува дека проширените вени можат да предизвикаат и воспалителни процеси во телото, што исто така, го забрзува оштетувањето на мозочното ткиво. Добрата вест е дека оние кои ги третирале своите проширени вени, имале 43 отсто помала опасност од појава на деменција предизвикана од намален проток на крв во мозокот – често предизвикана од мали инфаркти.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
