„Покемон“ новитети: „Поке-бол“

Јапонскиот производител на играчки „Такара Томи“ ја пушти во продажба играчката, наречена „Поке-бол“ (или „Поке-топка“), во стилот на „технолошко“ домашно милениче - инспирирана од цртаниот серијал „Покемон“.
Корисникот ќе може „да го гали“ уредот, а тој ќе реагира, а ќе може и да се поврзе со други „Покемони“ со коишто ќе може и да се префрлаат податоци за играта. Иако засега, се чини, е достапна само во Јапонија, според интернет-страницата на производот, ќе има и опција на англиски јазик.
Според описот, има седум „Покемони“, по име: Пикачу, Иви, Спригатито, Фуекоко, Кваксли, Лукарио и Силвеон.
Играчката чини 7.480 јени, или околу 43 евра. Пред-нарачките се отворени (иако моментно е распродадена на „Амазон Јапонија“), а испораката се очекува да почне на 11 октомври годинава.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
