Покрената истрага и побаран притвор за возачот кој учествуваше во сообраќајката во Скопје во која загина мотоциклист

Скопското обвинителство ќе спроведе истрага за 31-годишното лице кое е осомничено дека свртувајќи на дупла полна линија и управувајќи возило под дејство на дрога удрило во 19-годишен мотоциклист кој од ударот се здобил со тешки повреди од кои починал. За осомниченото лице е побарана мерка притвор.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот “Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата, велат од Републичкото јавно обвинителство.
Исто така, додаваат оттаму, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото го управувал под дејство на наркотична дрога.
- Бидејќи не се придржувал кон прописите осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл Хонда ХДВ, кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно. Од силината на ударот, оштетениот кој управувал со мотоциклот БМВ се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, појаснуваат од Обвинителството.
Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила на 29 мај на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.
Како што информираа од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје.
Мотоциклистот М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
