Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено за возачка дозвола

Полицаец, вработен во Одделението за обезбедување на Собранието, возел без да има положено. Против него е поднесена кривична пријава и одземено му е возилото.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Безобѕирно управување со моторно возило по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул. „11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило BMW без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Пред една недела, уште еден полицаец беше фатен без возачка дозвола. Нему му беше одземено оружјето беше упатен на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
