Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ од КЗ.
Пријавениот, во повеќе наврати во периодот од 05.01.2025 до 07.05.2025 во претходен меѓусебен договор и со заедничко дејствување со три лица од Скопје, противправно одзеле туѓи подвижни предмети бакарни кабли – јавни инсталации кои содржат бакар од објекти на Акционерско друштво од Скопје, сместени во кругот на поранешна фабрика од Скопје.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
