Македонија
29. December 2015 - 16:47

Полицајци од Европа патролираат со македонската полиција на јужната граница

Полициските службеници од Хрватска и Србија, веќе патролираат на граничната линија со Грција заедно со македонските колеги. Земјите од регионот и Европа позитивно одговорија на барањето на Македонија за испраќање на свои патроли. За една недела, на четврти јануари пристигаат и полицајци од Словенија и Унгарија а на почетокот на февруари во земјава треба да пристигнат и полициски службеници од Чешка. Упревувачкиот комитет за координација и управување со бегалската криза вакви барања ќе достави и до Австрија, Полска и Словачка, а вооедено се работи и на пронаоѓање на нови начини за соработка зо земјите од ЕУ со единствена цел справување со илегалната миграција и хуманитарна помош  на бегалците.

Ваквата соработка и позитивниот одговор се директна поддршка за македонските власти и потврда на политиките кои се спроведуваат.

Вклучувањето на европските земји во системот очигледно дава резултат. Грција веднаш по највеното пристигање на Фронтекс го расчисти теренот на граничната линија и им обезбеди транспорт на  илегалните мигранти.

Бројките со кои располага полицијата и понатаму се исти, но сликата на граничната линија е целосно променета. Само во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани 2,895 бегалци кои потполниле барање за искажана намера за барање на азил. Најголемиот дел повторно се од Сирија или речиси 1,400, а останатите од Авганистан и Ирак.