Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград

– Десетици полицајци со полна опрема за разбивање демонстрации од доцна попладенво се распоредени пред и во Пионирски парк во Белград каде се под шатори како што ги нарекуваат медиумите – „студенти кои сакаат да учат“. Околу просторот каде се тие се паркирани десетици трактори.
Метална ограда има исто така околу паркот, а поставена е и спроти него, пред српскиот Парламент.
Полицијата вечерва приведе маж кој синоќа го запалил моторот на еден од десетиците трактори кои буквално го опколија Паркот што е пред Андриќев венац – каде е кабинетот на српскиот претседател.
Локалните медиуми јавија за актвирање забрана на полицијата да пушти во Србија неколкумина новинари од Хрватска и од Словенија. Засега нема официјално образложение за потезите на српската полиција.
Српската транспортна компанија „Ласта“ доцна попладнево соопшти дека од 19 часот денеска веќе не врши превезување со цел да се заштити пред се безбедноста на патниците и возачите на автобусите. Според соопштение од таа компанија, од 15 часот, укинат е превозот кон Белград како и на меѓуградските и приградските линии во градот.
Ново на Сител
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
