Македонија
15. October 2015 - 16:40

Полицијата денес апсеше соработници на терористите од кумановско Диво насеље, уапсен Ибрахим Муртезани, Командант Арачиново

Молња ги удри помошниците на терористичката група од Куманово. Седум лица се приведени во големата акција на МВР. Тројца од Отља, двајца од Брест и по еден од Арачинови и Матејче, работеле заедно како логистика во плановите за напади низ Македонија. Биле вклучени и во организацијата и помагале при изведувањето на нападот на караулата во Гошинце. Во постојана комуникација биле со командантите кои раководеа со групата во Куманово. При акцијата во Диво Насеље, осмничениот арачиновец поранешен командант, имал наредба да делува на дефокусирање на безбедносните сили. Со група малди планирале напади во Скопје додека беше во тек акцијата за неутрализирање на групата во Куманово.

При апсењето немало инциденти тврдат од МВР. Извршени се претреси во пет објекти на локации во Отља, Брест и Матејче. Полицијата пронашла униформи на УЧК, ороужје, муниција, мапи, фотографии од борци на ОНА. Приведените се пренесени на распит пред судија на претходна постапка, а обвинителството веќе побара мерка притвор. Поголемиот дел од приведените и се познати на полицијата од претходни, биле инволвирани во повеќе кривични дела за кои дел имале и затворски казни.