Полицијата ја зајакнува контролата на угостителските објекти во Струмица
Близу триста контроли направила полицијата изминатиот месец во угостителските објекти на југоистокот од државата.Контролирани биле објекти на подрачјето на сите полициски станици што го покрива СВР Струмица, односно Радовиш, Гевгелија, Валандово и Струмица. Во дел од објeктите полицaјаците во текот на август направиле и по неколку контроли. Дел од угостителите работеле согласно законските прописи, но контролите покажале дека има и такви кои прават прекршоци, пред се во делот на постапувањето според здравствените прописи за време на епидемија. Најголемиот број од констатираните прекршоци биле на подрачјето на полициска станица Струмица.
,, Во текот на месец август 2020 година во осум наврати на подрачјето на полициска станица од општа надлежност Струмица извршена е контрола на 22 угостителски објекти. Притоа констатира 13 непостапувања според здравствените прописи за време на епидемија предвидени во чл.206 од Кривичниот законик, 4 прекршока, присуство на малолетници подоцна од 24 часот“ и 2 прекршока “пуштање гласна музика предвидени во законот за прекршoци против јавниот ред и мир.,, вели Хризантема Рендевски - портпарол на СВР Струмица.
Освен кај угостителите, полицијата правела и контроли кои се однесуваат на почитувањето на мерката за носење лична заштитна опрема. По тој основ, односно, во врска со член 6 од владината уредба во текот на месец август од страна на СВР Струмица издадени се вкупно 753 прекршочни платни налози.
Во истиот временски период биле контролирани и 1526 лица со решение за домашна самоизолација. Полицајците констатирале дека дека 5 од контролираните лица не го почитувале решението за изолација и сториле кривично дело според членот 206 од кривичниот законик.
Од СВР Струмица најавуваат дека ваквите контроли пред се во угостителските објекти интензивно ќе продолжат и во наредниот период.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
