Македонија
18. јуни 2025 - 8:39

Полицијата ќе врши вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето во Охрид

Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“.

Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

За медицинско обезбедување на боевото гаѓање се задолжени стручни екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.

Од СВР Охрид се упатува апел до граѓаните кои се движат во делот од градот каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Ново на Сител