Македонија
14. September 2020 - 21:48

Полицијата од Гевгелија приведе дилер на марихуана

Полицијата од Гевгелија приведе дилер на марихуана.  Приведениот,  24 годишен жител од селото Миравци сам ја одгледувал марихуаната. Насадите биле откриени во атарот на Миравци во месноста викана Лаго. На три различни локации на оддалеченост од околу шеесетина метри биле откриени 60 стебла Канабис Сатива. По преземените мерки и активности за расчистување на случајот од страна на полицијата пријавениот бил затекнат како неовластено ја одгледува марихуаната.

,,По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација набрани од три корени од растението Канабис Sativa. Од извршениот претрес на теренот биле пронајдени и откриени уште пет стебла од растението канабис сатива. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот.

Пронајдените предмети со потврда на привремено одземени предмети се   одземени, а по добиениот извештај од вештачењето пријавениот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија за здржување,,. Вели ХРИЗАНТЕМА РЕНДЕВСКА ПОРТПАРОЛ НА СВР СТРУМИЦА.

Против 24 годишниот гевгеличанец е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.