Македонија
3. December 2022 - 8:49

Полицијата вчера во Скопје казни 126 возачи од кои 14 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас...
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.