Македонија
9. July 2025 - 11:39

Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење пожар во Дојран беше активиран хеликоптерот „Aгуста бел 212“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицискиот хеликоптер, како што посочуваат од МВР, во повеќе налети фрлил 30 тони вода.