Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
Голем интерес владее за реваншот меѓу Силекс и Динамо Минск, кој ќе се одигра во четврток во 20:00 часот на на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Карти веќе нема, трибините се очекува да бидат исполнети до последното место, македонскиот претставник ќе има голема поддршка во обидот да го потврди позитивниот резултат од првиот натпревар.
Силекс во првиот дуел славеше со 1:0 против белорускиот тим, откако Есмир Хасукиќ реализираше пенал во 42. минута и го донесе големиот триумф за кратовци.
Избраниците на Силекс ќе се обидат да ја одбранат предноста и да обезбедат пласман во следната квалификациска рунда од Конференциската лига, а големата поддршка од трибините ќе биде дополнителен мотив за тимот.
Очекувањата се за вистинска европска атмосфера на „Петар Милошевски“ и голема борба за секоја топка во важниот реванш натпревар.
Ново на Сител
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
