Полска бара Мета да биде казнета со 250 милиони евра поради лажни огласи

Полскиот министер за дигитални работи Кшиштоф Гавковски повика Европската комисија да ѝ изрече казна од 250 милиони евра на компанијата Мета, обвинувајќи ја дека не успеала соодветно да го реши проблемот со лажните огласи.
Во исто време, медиумскиот регулатор на Јужна Кореја побара мерките на Мета за заштита на младите корисници од потенцијално зависнички функции да се применуваат ширум светот, а не само на одредени пазари.
Во писмото испратено до Европската комисија, Гавковски нагласи дека и покрај повеќекратните извештаи на надлежните полски власти и сајбер-тимовите, Мета сè уште не обезбедува ефикасен одговор на лажното рекламирање.
Според тестовите на националниот тим ЦЕРТ Полска, од 122 откриени лажни огласи, Мета во 86,8 отсто од случаите донела одлука да не ги отстрани содржините, отстранила само 10 огласи, а за шест не дала никаков одговор.
Полска и претходно беше во фокусот на овој проблем, кога милијардерот Рафал Бжоска ја тужеше платформата, по што Апелацискиот суд во Варшава во април 2026 година пресуди дека Мета е директно одговорна за огласите што ги објавува на своите платформи.
Апелите од Полска и Јужна Кореја доаѓаат во период на силен глобален притисок врз компанијата Мета во врска со штетноста и безбедноста на нејзините производи за најмладите.
Сопственикот на Фејсбук оваа недела во САД постигна спогодба вредна 16,7 милијарди долари за решавање на спорот со американските сојузни држави кои ја тужеа за предизвикување зависност кај децата.
Корејската комисија за комуникации и медиуми (КМЦЦ) истакна дека давателите на мрежни услуги мора да преземат поголема одговорност за малолетниците, посочувајќи дека во јужнокорејскиот парламент веќе се разгледуваат седум закони за оваа намена. Мета засега нема официјален одговор на овие барања.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
-

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит
-

МНРиНТ за бегството на Михајлова: Постапувањето на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба
-

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешко значење ќе биде поголемо
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
