Помалите сточари масовно ги колат свињите стравувајќи од африканска чума
Жителите на кочанските села масовно ги колат домашните свињи. Поради појавата на африканска свинска чума, се плашат дека свињите ќе им бидат земени, а тие ќе останат и без пари и без храна за претстојното зимо.
- Си ги колат, се плашат да не им ги земат, што побргу да ги заколат за да можат да се прехранат зимото- изјави Јане Јанев, жител на Облешево
Последиците од болеста најповеќе ќе ги почувствуваат малите одгледувачи кои чуваат по една до две свињи за сопствени потреби. Со намалувањето на сточниот фонд и намалената понудувачка на пазарот, ќе скокне и цената на месото во месарниците.
- Месото ќе поскапи. Ако селанецот не чува стока, нема да може да купи месо. -изјави жител на Облешево
Според професорот Наков од земјоделскиот факултет при УГД, многу поголем проблем за ширење на болеста преставуват големите фарми, на кои треба да се обрне соодветно внимание.
- Не смееме да дозволиме вирусот во големите одгледувалишта каде што има голема агломерација на животни, на одреден и ограничен простор. Овде вирусот може брзо да се шири, дури и експлозивно- изјави Димитар Наков, земјоделски факултет - УГД
Мештаните на кочанско сметаат дека вирусот кај нив е пренесен од заразени свињи кои нелегално ги донел жител од М. Каменица, кој заработи и кривична пријава. Од крајот на јули до сега уништени се 600 свињи во радиус од 3 километри околу жариштата во Каменичко, Виничко и Кочанско.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар