-->
-->
Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-->

Повторно е приведен 31-годишниот Кристијан Корабоски, осомничен во случајот со нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид. Од СВР Охрид ја потврдија информацијата, посочувајќи дека во случајот се појавиле нови околности.
Засега не се соопштуваат детали за причините за повторното приведување, ниту дали Обвинителството ќе побара определување притвор.
Против Корабоски претходно беше поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда, а судот му одреди мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до Ѓорѓиевска на помалку од 50 метри и одземање на пасошот.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска најави дека конечната правна квалификација на делото ќе биде утврдена по разгледувањето на доказите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четири лица приведени за тероризам
-

Македонија одбележува 35 години Устав
-

Владата донираше три нови амбулантни возила за Здравствениот дом Струмица
-

Започна предврeмениот откуп на тутун, се откупува само во прва по цена од 435 денари за килограм
-

Преглед на вестите од светот
-

Кристијан Корабоски без притвор
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, СДСМ
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
