Поплави во делови на северна и западна Грција, но и на островите Крф, Хиос и Лезбос

Поплави и сериозни проблеми на инфраструктурата предизвика невремето што зафати делови од северна и западна Грција, како и островите Крф, Хиос и Лезбос, додека пак на Крит и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, зголемено беше присуството на африканска прашина.
Во делови на Солун, морето се излија и стигна до рестораните и кафулињата, а слична беше ситуација и на Халкидики.
Островот Крф, повотрно беше зафатен од невреме, каде што во изминатите најмалку два месеци регистрирани е голема количина дожд, што според државната телевизија ЕРТ е рекорд во изминатите 50 години.
Дождот предизвика и лизгање на земјиштето во северниот дел на островот, а слична беше ситуацијата во областа Епир.
Проблеми имаше и на островите Хиос и Серифос каде што вчера од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до граѓаните да избегнат движење во крајбрежните делови, а поплави беа регистрирани и на Лезбос.
Од друга страна, островот Крит и Атина вчера беа зафатени од силен ветер и африканска прашина.
Во градот Ираклио на Крит, поради силниот ветер паднаа дрва, беа откажани некои од летовите, а денеска превентивно се затворени училишта.
Според Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео најголема концентрација на прашина била регистрирана во градот Ретимно на Крит каде што вчера концентрациите на PM10 надминале 460 микрограми на кубен метар.
Дополнително, силни налети на ветер биле регистрирани во источниот и јужниот дел на земјата, кои локално биле над 100 – 120 километри на час.
МИА
Ново на Сител
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
