Македонија
17. July 2025 - 19:07

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец, соопшти МВР.

Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме.