Поранешниот американски претседател Џо Бајден опериран од рак на кожа
Поранешниот американски претседател Џо Бајден неодамна беше подложен на операција за отстранување на канцерогени клетки од кожата, соопшти неговиот портпарол, пренесува телевизијата „Ен-Би-Си Њуз“.
Интервенцијата, позната како хирургија по методот на Мохс, е често користена за лекување на најчестите форми на рак на кожата. Претходно оваа година, канцеларијата на Бајден објави дека му бил дијагностициран рак на простатата, кој лекарите го опишале како агресивен, но може да се лекува, потсетува ДПА.
Бајден, кој го напушти претседателскиот мандат во јануари, е најстариот претседател во историјата на САД. Тој првично планираше повторно да се кандидира за претседател од Демократската партија на изборите во 2024 година, но се повлече од трката по серија слаби настапи, вклучително и катастрофалната телевизиска дебата со републиканецот Доналд Трамп. Овие настапи предизвикаа загриженост за неговата физичка и ментална способност да ја извршува функцијата
Ново на Сител
-
Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија