-->
-->
Пораст на водостојот на Вардар и неколку реки, езерата со стабилно ниво
-->

Зголемено ниво на водата денеска е забележано кај реката Вардар на мерните места кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Пораст на водостојот е евидентиран и кај реката Црн Дрим кај Ложани, Пчиња кај Катлановска Бања, како и на реката Струмица кај Сушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Треска кај Македонски Брод, Крива река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Црна река кај Новаци покажуваат намалување на нивото под просекот за јануари.
Според податоците од УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец јануари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
