Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница, информира Министерството за внатрешни работи.
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени сообраќајни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со почеток од 6 часот.
Кон градските гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива еднонасочно, кружно. Возилата ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, лево по „Александар Урдаревски“, потоа лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата.
За излез од гробиштата, возилата ќе се движат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек со „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улицата „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и кај гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим.
МИА
Ново на Сител
-

Неделава стабилно, од понеделник услови за слаб дожд
-

Десет возачи приведени во изминатото деноноќие – седум возеле без положен возачки испит, тројца со активна забрана
-

Скопјанец објавувал туѓи серии и филмови на Фејсбук, заработи кривична
-

Тетовец осомничен дека присвоил над 41 милион денари од давачки при регистрација на возила
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
