-->
-->
Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло
-->
Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ.
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, 77 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС - 98, а по 69,50 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство.
Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,533 денари за килограм и килограм ќе чини 39,945 денари.
Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 отсто во однос на одлуката од 28 јули 2025 година.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот