Уапсени 30 странски државјанки во тетовско, го злоупотребиле туристичкиот престој
На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на Ј.Ф.(48) од с.Желино и во угостителски објект во Тетово, во кој како управител се пријавил И.А.(22) од Тетово, соопшти МВР.
При контрола во објектите биле затекнати 30 женски лица од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија затоа што било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против странските државјанки, сопственикот и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина