-->
-->
Поскапуваат горивата
-->

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 4,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 91,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 93,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 98,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 98,50 денари.
За 0,188 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 43,726 денари.
Во денешната одлука на Регулаторната комисија е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
