Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.
Како што соопшти Јавното обвинителство, се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им „кубански вакцини“ против рак.
При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.
Од ЈО додаваат надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.
Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.
Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.
Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази.
МИА
Ново на Сител
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
-

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
-

Министерството за јавна администрација со нова рамка за организација на работата на органите на државната управа
-

Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
