-->
-->
Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-->

Директорите на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој Меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена на информации, координација и заедничко делување во услови на кризни состојби, природни непогоди и други ризици.
Двете институции ќе продолжат со заеднички активности и унапредување на меѓуинституционалната координација, со цел навремено информирање на граѓаните и поефикасно справување со сите предизвици.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
