Македонија
13. February 2025 - 12:15

Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето

Претераната урбанизација ,сообраќајот и намалувањето на зелената инфраструктура на брегот едни од најголемите загадувачи во главниот туристички центар. Висококатниците на крајбрежјето  ја намалуваат циркулацијата на воздухот и ветровите.

Иако Охридското Езеро се смета за природен филтер, загадувањето на воздухот го урива имиџот.

Наумоски не ја отфрла можноста загадениот воздух да се шири од соседните држави.

Според екологистите , посебно треба да не загрижува проблемот со загадувањето на воздухот што го предизвикуваат депониите, бидејќи отпадот не се селектира и при палење, што е честа појава кај нас, во атмосферата се испуштаат исклучително опасни материи.

За разлика од минатото,Охрид последниве неколку години високо котира на листата најзагадени градови во земјава.