Потребно е јакнење на капацитетите за женско претприемништво
Потребно е итно подобрување на условите за развој на женските бизниси кај нас. Според најновите статистики се поголем е бројот на оние компании кои се затвораат, а на чие чело се жени. Пример во Пелагонија како земјоделскии крај, најгочемиот дел од жените бизнисменки се регистрираат како индивидуални земјоделки, но бизнисот во позадина го води мажот. Иако жените имаат многу можности за помош преку Агенцијата за врарботување, тоа за жал не се искористува.
„Она што треба да се направи е поголема ажурност, најпрво на јавните институции, односно АВРМ, образовните институции како што се факултетите, средните стручни училишта, поголема ажурност и мобилност на локалните самоуправи за да го поттикнат и поддржат женското претприемништво“, истакна Даниела Цветаноска, локална координаторка на Националната платформа за женско претприемништво.
За надминување на овие проблеми Националната платформа за женско претприемништво веќе формира Совети за женскот претприемништво во општините.
„Со советите сакаме да направиме тело кое ќе ја движи општината напред према женско претприемништво. Значи ќе се направи мала стратегија за женско претприемништво, акциски план, ќе се видат активностите кои што се потребни и понатаму ќе се делува на тоа поле“, рече Валентина Дисоска, претседател на Здружението бизнис жени и претседател на Националната платформа за женско претприемништво.
Беше потенцирано дека за жал се уште треба да се работи и на Треба да се работи и на дискриминацијата.
„Секогаш наидуваме на дискриминација и како тоа некои бизниси треба да бидат предодредени за мажите. Еве лично од мојата професија да тргнам, секогаш е гледано како треба да биде адвокат маж. Па посебно ако си жена и ако си млада, тука е малку дискутабилно“, изјави Викторија Наумоска, адвокат.
Вакви Форуми освен во Прилеп се планира да се организираат и во другите општини.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар