Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
Од вчера попладне повторно гори на планината Серта. Огнот засега се држи под контрола и се движи кон сртот и воениот полигон Криволак. Причина за реактивирање на пожарот според Весна Сенева од регионалната подружница „Серта“ при Национални шуми се инсектите кои бегаат од опожарените места во сувата трева и шума која не е зафатена со огнот.
- Ова е мое лично мислење и го утврдив дека, роеви од инсекти се преносители на пожарот. Тие, запалени летаат преку асфалтот, имавме и личен случај, не нападнаа. Тоа се тврдокрилци од дабова шума од фамилијата Coleoptera и истите го пренесуваат пожарот, бегајќи одат во неопожарената шума и ситуацијата е таква што сега инсектите и животните го пренесуцваат пожарот на неопожарен дел, изјави Весна Сенева, ЈП Национални шуми, Регионална диреквија „Серта“- Штип
Според изјави на очевидци, додава Сенева, запален скакулец го проширил пожарот на суво стрниште, кое за среќа веднаш е изгаснато од лицата кои го забележале. Затоа, треба да се размислува во правец како да се сузбијат инсектите кои прелетуваат во опожарените подрачја. Засега е постои опасност да бидат загрозени селата Драгоево и Селце, зашто со помош на 6 трактори направени се пресеци за запирање на огнот. Во моментот на терен се повеќе пожарникари со 2 возила и 3 пинцгауери. Синоќа останаа дежурни до доцна во ноќта, а во градот Штип се чувствуваше мирис од чадот од планината „Серта“.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар