Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата учествуваа на постројување што се одржа на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Како што соопштуваат од ДЗС, со постројувањето било утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на ДЗС.
- Пред доброволните пожарникари се обрати директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и командант на Силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој ги претстави плановите и очекувањата за претстојната противпожарна сезона. Воедно беше претставена новата внатрешна структура и хиерархија, со цел поефикасна координација, командување и вклучување на доброволните пожарникари во системот за гаснење пожари - стои во соопштението од ДЗС.
Дополнуваат дека по завршувањето на постројувањето се одржал работен состанок на отворено, на кој доброволните пожарникари разменија искуства, мислења и предлози за унапредување на функционирањето на системот за заштита и спасување во текот на летната сезона.
МИА
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
