Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати

Повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во електричната енергија и водоснабдувањето поради зафати на ЕВН Македонија и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Дел од населението во Петровец, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе остане без струја во различни термини, додека неколку улици во Карпош и Кисела Вода ќе имаат прекин на водоснабдувањето поради интервенции на мрежата. Двете јавни претпријатија најавуваат дека се работи за плански активности и санации, кои треба да завршат во текот на денот.
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од повеќе општини ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди. Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во општина Петровец. Во општина Студеничани, од 8.30 до 9.30 часот прекин ќе имаат корисниците од селата Драчевица и Цветово, додека во општина Сопиште, од 8.55 до 9.55 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка. Од 9 до 14 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30 часот струја ќе немаат и корисниците на делови од улиците „Димо Хаџидимов“ и „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека истиот ден ќе има и прекини во водоснабдувањето поради интервенции на водоводната мрежа. Поради дефект на цевковод со пречник од сто милиметри на улицата „Нобелова“ кај крстосницата со улицата „Хелсинки“, од 9 часот до завршување на работите без вода ќе бидат корисниците на „Нобелова“, „Виенска', како и делови од улиците „Хелсинки“ и „Лондонска“ во општина Карпош. Дополнително, поради изведување приклучок на водоводната мрежа на улицата „Жил Верн“ број 10, од 10 часот до завршување на интервенцијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите на улиците „Жил Верн“ и „Есенинова“ во општина Кисела Вода.
МИА
Ново на Сител
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
