Македонија
16. May 2026 - 16:26

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство

Миро Кацаров е назначен за в.д. директор на Универзална сала, откако претходниот јавен повик пропадна изминатава недела. Според законската процедура во ваква ситуација, на раководната позиција мора да се постави лице од редот на вработените во институцијата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека веќе следната недела ќе биде распишан нов оглас за избор на директор.

„Универзална сала има в.д. директор од редот на вработените, тоа е Миро Кацаров, таму имавме спроведено повик којшто пропадна и мораше да се назначи в.д. директор од вработените внатре во инсититуцијата, а во следниве седум дена ќе биде спроведена постапка, ќе биде распишан нов повик за директор на Универзална сала“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.