Македонија
6. July 2021 - 20:23

Повторно гори депонијата Буково

Поворно гори депонијата Буково. Граѓаните реагираат на неподносливата смрдеа и чад во одредени делови на градот и околината, најчесто навечер и во раните утрински часови. Од ЈП Охридски Комуналец велат дека проблемот трае 20 години депонијата се пали од лица кои неовластено на овој потег собираат пластика ,железо и бакар и апелираат на поголемо присуство на терен од страна на полицијата.

Од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ посочуваат дека станува збор за проблем кој се провлекува и толерира години наназад.

Иако УНЕСКО уште во 2017 година бараше до декември 2020 депонијата во Буково да е затворена и санирана. Тоа не беше сторено, делумно поради немање локација за регионална депонија.

- Во најновиот извештај на Реактивната Мониторинг Мисија, во рамките на втората препорака надлежните имаат рок од три години да се затворат нерегуларните депонии во Буково, Мауцкер и Струга како и сите други нелегални помали и поголеми депонии во Охридскиот Регион и да се рехабилитираат погодените области .Депонијата во Буково е со висок ризик за животната средина. Но тоа како да не ги загрижува нималку институциите, нити локалната самоуправа нити Министерство за животна средина, стои во објавата на „Охрид SOS

Инаку се уште не е утврдена нова локација за депонија во Југозападниот плански регион. Првично беше посочено Годивје, но се отфрли поради тоа што се наоѓа во сливот на Охридското Езеро, а и жителите од Дебарца имаа успешен референдум во 2017 година каде се изјаснија против отворање на депонија.