Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
Седум лица вдишиле чад при пожар што избувнал попладне околу 16.30 часот на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје, кој веќе е изгаснат од противпожарните служби на град Скопје. На повредените лица им е пружена медицинска помош, потврди за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафатениот голем простор вкучено е дополнително потивпожарно возило.
- Има повредени седум лица, со вдишување чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е помаш. Пожарот за кратко време е локализран и целосно изгаснат, изјави Томевски.
Екипите на МВР работат на утврдување на причините за пожарот.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп и воведе царина од 15 отсто на Македонија
-
Без вода дел од Општина Карпош
-
За влез и излез од државава се чека околу 45 минути
-
Словенија воведува ембарго на оружје за Израел
-
Сончево и потопло
-
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа
-
На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути
-
Во стан во Велес пронајден мртов маж