Македонија
28. October 2026 - 12:02

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер

Поради запален бојлер, синоќа биле евакуирани студенти од една од бараките на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

Како што објави „Студентарија мк“, пожарот избувнал во една од бараките, по што, веднаш штом биле забележани чадот и пламенот, сите присутни студенти биле навремено евакуирани.
Во инцидентот нема повредени, а сите студенти се на безбедно.

Огнот бил брзо ставен под контрола и целосно изгаснат, со што било спречено негово проширување кон останатите делови од објектот.