Балкан
17. August 2025 - 14:02

Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини

Пожарот во Пипери, во близина на црногорскиот главен град Подгорица, е во критична фаза, а сите расположливи противпожарни екипи се на терен. Најзагрозени се населбата Копиље и подрачјето Стијене Пиперске, при што постои опасност северниот ветер да ја прошири огнената стихија.

Пожари беснеат и во Бијело Поље, Даниловград и Никшиќ, што дополнително ги оптоварува пожарникарите.

Во гаснењето се вклучени хеликоптери од Чешка, БиХ и Србија. Покрај тоа, Црна Гора доби меѓународна помош – во петок пристигна швајцарски тим од 26 пожарникари со четири специјализирани возила.

Состојбата и натаму е неизвесна, а службите продолжуваат со напорите за заштита на најзагрозените подрачја.

 

МИА