Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот.
-На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево.
Втората интервенција се случила околу 17 часот, по пријава за шумски пожар во атарот на селото Црник, на локалитетот Гарваница.
-На терен излегоа осум членови на ДПД Пехчево со две возила, како и четворица вработени од Шумското стопанство „Равна Река“ – Пехчево со едно возило. Благодарение на брзата реакција и заедничката координација, пожарот исто така беше целосно локализиран и изгаснат, додадоа од ДПД Пехчево.
Оттаму изразија благодарност до сите нивни членови и до ШС „Равна Река“ за навремената и професионална интервенција, посочувајќи дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет.
МИА
Ново на Сител
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
