-->
-->
Пожарникарите од Крива Паланка спасија куче кое паднало во бунар длабок седум метри
-->
Хумана и успешна спасувачка акција спроведоа пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, откако добиле дојава за куче кое паднало во бунар во селото Конопница.
На местото веднаш пристигнале двајца пожарникари со едно противпожарно возило, кои започнале акција за извлекување на животното.

Кучето било паднато во необезбеден бунар длабок околу седум метри. Благодарение на интервенцијата на пожарникарите, тоа било успешно извлечено од бунарот.
„Секој живот е вреден! Животот нема цена!“, порачаа од ТППЕ Крива Паланка по успешната акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
