Пожарот кај Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“
Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.
Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро.
-За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП "Македонски Шуми", при што на едниот му беше дадена кислородна поддршка, а другиот беше пратен во Општа болница Струмица за понатамошна помош. Во текот на денешниот ден приоритет е заштитата на селата Марвинци и Балинци и секако после тоа се останато, објави Михаилов.
Додаде дека денеска четири подружници на „Македонски шуми“ ќе пратат уште 25 работници со возила и соодветна опрема, кои ќе се приклучат на екипити за гаснење на пожарот.
Инаку, според утринската информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), покрај пожарот меѓу селата Грчиште и Марвинци, во овој регион има пожар и во Општина Богданци, на потегот од браната Паљурци до Богданци, каде гори ниска вегетација и грмушки.
Ново на Сител
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда