Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја и песок.
На местото на пожарот се останати екипи на скопската противпожарната бригада за да интервенираат доколку има потреба.
Ангелов информира дека е драстично подобрена состојбата и во депонијата Дрисла.
- Останува да биде дозатрупан уште една мал дел. Очекувам во текот на попладневните часови да биде целосно затрупано местото кое овие денови чадеше. На тој начин се целосно затворени двата пожара, изјави директорот на ДЗС и изрази благодарност до скопските пожарникари и до сите други кои учествуваа во справувањето со пожарите
МИА
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење