Православните верници го слават празникот посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец
Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се служи Празнична вечерна богослужба. Богослужбата ќе започне во 19 часот, а утре од 9 часот ќе се служи Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Европски Пимен.
Култот на Свети Наум е мошне силен кај охридските верници, кои секоја година на празникот во манастирскиот комплекс доаѓаат во голем број, да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, бидејќи се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител. Покрај православни верници на празникот на светецот бројни се и гости од странство, како и граѓани од другите вероисповести кои го почитуваат делото на Свети Наум Охридски.
Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ се наоѓа на триесетина километри јужно од Охрид, на најјужната точка на Охридското Езеро. Главната црква во комплексот е изградена на високиот стрмен брег, во непосредна близина на изворите на Црн Дрим.
Светиот просветител Наум ја избрал оваа тивка и благородна околина за свое живеалиште, место од каде што ја развил племенитата мисија за просветување на човекот. Тука е и неговиот гроб, сместен во југоисточниот дел од нартексот.
По повод празникот бродовите „Александрија 1 и 2“ и вечерва за Свети Наум ќе пловат по намалени цени, повратен билет ќе чини 300 денари. Поаѓањето е од 19 часот, а билетите можат да се купат преку целиот ден на Градското пристаниште.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина