Пред пукањето во Тајланд ученикот ги убил своите баба и дедо

Вооружениот 14-годишен напаѓач, кој денеска отвори оган во училиште во близина на тајландскиот главен град Бангкок, првично ги застрелал своите баба и дедо во нивниот дом пред да се упати кон училиштето, соопшти тајландската полиција.
Според најновите податоци од тајландското Министерство за здравство, објавени од Би-би-си, билансот на пукотницата е осум мртви, во која ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години убил пет наставници во училиштето и ранил најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба, вклучувајќи и ученици, по што извршил самоубиство.
Според полицијата, пиштолот од девет милиметри што го користел му припаѓал на неговиот дедо.
Полицијата соопшти дека напаѓачот испукал 26 куршуми за време на нападот, објавуваат британските медуми.
Пукањето се случило во училиштето „Дебсирин“, во близина на Бангкок, кое има филијали низ целата земја и има добра репутација, објавува Би-би-си.
Тајланд, патем, има една од највисоките стапки на поседување оружје од страна на цивили во Југоисточна Азија, а земјата е сведок на неколку смртоносни инциденти во последните години.
Во февруари оваа година, вооружено 18-годишно момче застрела директор на училиште и ученичка за време на опсада на училиште во јужен Тајланд.
МИА
Ново на Сител
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
