Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници во собраниската Комисија за финансирање и на пленарна седница
Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и на пленарна седница.
- Целта на предложената одлука е обезбедување дополнителни средства во износ од околу 600 милиони денари наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства, како и 242,3 милиони денари реалокација од Министерство за економија и труд во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а наменети за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси, образложува Владата во Предлог-одлуката.
Со Предлог-одлуката, се кратат средства од Потпрограма Д5 на Владата - Привлекување на странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона, односно Ставката 464 - Разни трансфери за 583.601.000 денари и кај Министерството за економија и труд, во Потпрограма 60 - Развој на политики од областа на трудово право, социјална заштита и вработување, Ставката 464 - Разни трансфери за 242.264.000 денари.
Воедно се предлага зголемување на средства кај Министерството за социјална политика, демографија и млади, во Потпрограма 50 - Надоместоци за социјална заштита, Ставката 464 - Разни трансфери за 242.264.000 денари, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 100.000.000 денари, во Министерство за образование и наука, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 361.185.000 денари, кај Министерство за спорт, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, Ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 62.416.000 денари, како и кај Финансирање на дејностите од областа на културата, во Потпрограма АА – Инфраструктурни проекти во општините, ставката 488 – Капитални дотации до ЕЛС за 60.000.000 денари
Ново на Сител
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран