Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура.
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство.
- Пушењето е водечка причина за смртност и хронични болести во Република Македонија. Според податоците од Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација во земјата пуши, што ја става Република Македонија помеѓу земјите со највисока стапка на пушење во Европа. Пушењето е поврзано со повеќе од една третина од сите случаи на карцином на белитедробови и значителен дел од кардиоваскуларни болести - посочи заменик-министерот.
Андовски посочи дека кај младите од 13 до 15 години потребата од тутунски или никотински производи достигнува 13,6 проценти во 2024 година, што е највисоко ниво досега. Електронските цигари се искачиле на девет проценти. Седумдесет и три проценти од младите што се обиделе да купат цигари не биле одбиени. Тој говореше и за влијанието од туѓиот чад. Се осврна и на подобрувањата со новите законски решенија.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
