Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Обвинителството предложи притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица, познатиот баритон Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик - соопшти вечерва Јавното обвинителство.
Осомничениот 76-годишник, информира ЈО, управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
- Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад. По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил, велат од ЈО.
Како што дополнуваат, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20), П.М.(20) и М.Ѓ.(20), сите од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.
МИА
Ново на Сител
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
