Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор.
Како што информира ОЈО, тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.
-На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на Бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот, соопшти ОЈО.
Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.
МИА
Ново на Сител
-

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
-

СП 2026: Меси ѝ донесе на Аргентина убедлива победа над Алжир
-

Муцунски во Даблин на средба со Мекенти, во фокусот претстојното претседавање на Ирска со Советот на ЕУ
-

Сенатот на САД по деветти пат ја блокираше Резолуцијата за прекин на војната со Иран
-

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина
-

Јужна Кореја ќе ја намали зоната со ограничен цивилен пристап долж границата со Северна Кореја
-

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
