Македонија
28. December 2025 - 13:43

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје

На 27.12.2025 во  11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишната М.С. од Скопје, удрило во пешакот М.Н.(31) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.